Младиот борач Бесир Алили го донесе дома златниот медал кој го освои на европското кадетско првенство во Италија. Новиот шампион во слободен стил, во категорија до 48 килограми, дојде со двокатен автобус до плоштадот Скендербег во Старата скопска чаршија. Таму беше пречекан со зурли и тапани од стотина подржувачи.
Бесир се заблагодари на пречокот кој го организираше општината Чаир и порача дека до успехот дошол со напорен тренинг. Градоначалникот на општината, Висар Ганиу, вети дека младиот чаирчанец може да смета на финансиска подршка од локалната власт. Награда за Бесир но и за неговиот матичен клуб „Лирија“ вети и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.