Претходно градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил информираше дека инспектори во координација со Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Министерството за внатрешни работи (МВР) спровеле акции во Зимзоленд
Забавниот парк Зимзоленд преку соопштение објавено на социјалните мрежи демантира дека паркoт ќе биде затворен.

„Во последните часови се појавија неточни информации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Иако во претходните денови имаше инспекциски надзори, целосната и потребна документација е доставена до надлежните служби. Нашата мисија останува иста – да создадеме магични моменти, радост и новогодишна атмосфера за сите деца и семејства“,
соопштија од управата на паркот.
Од Зимзоленд додаваат дека работното време останува непроменето: во работни денови од 12:00 часот, а за време на викендите од 10:00 часот.
Претходно градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил информираше дека инспектори во координација со Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Министерството за внатрешни работи (МВР) спровеле акции во Зимзоленд.
„По пријави од граѓани, постапивме на Зимзоленд. Инспекторатот беше на локацијата и утврди дека Градот Скопје нема дадено дозвола за таму да се врши дејност. Констатирани се повеќе неправилности, особено во однос на вршење дејност надвор од објект. Дополнително, за реквизитите и забавните содржини кои не се дел од програмата на Општина Аеродром, наложено е градежниот инспектор од општината да постапи согласно законските регулативи“,
напиша Ѓорѓиевски.
