Главните служби во Вухан, епицентарот на новиот коронавирус, повторно ќе почнат да работат, соопшти денеска владата на централната кинеска провинција Хубеј во која живеат 11 милиони луѓе.

Ова се однесува на клучните сектори, како што се јавниот превоз, производителите на медицинска опрема и основните продукти за живот.
Производителите што имаат влијание врз кинеските и глобалните синџири на снабдување, исто така, можат да продолжат да работат со одобрение од надлежните органи, се вели во соопштението.
Вчера во посета на Вухан беше кинескиот претседател Си Џинпинг, кој изјави дека работата на контрола на коронавирусот и понатаму мора да продолжи со исто темпо.
Тој оцени дека се постигнати првите цели за стабилизација и промена на ситуацијата во провинцијата Хубеј.
Последниве неколку дена бројот на заразени и починати во Кина се драстично се намали, за разлика од Европа, каде што бројот е во пораст.
Вкупниот број потврдени случаи во Кина достигна 80 754.
*Поврзана вест