На 17 април ќе се одржат изборите за градоначалник на Општина Маврово-Ростуше и за Центар Жупа.
Решението за распишување на избори денеска го потпиша претседателот на Собранието Талат Џафери.
„Решението ќе го спроведат Државната изборна комисија, општинските изборни комисии и избирачките одбори, а влегува во сила со денот на објавување во ‘Службен весник на Република Северна Македонија’“,
се наведува во соопштението од парламентот.