Инцидентот се случил околу 21 часот, а од СВР Тетово велат дека се работи за лица кои од претходно биле во кавга
Жител на скопското село Копаница во тетовската полиција пријавил дека соселанец пукал кон брат му при нивна средба на Попова Шапка. Инцидентот се случил околу 21 часот, а од СВР Тетово велат дека за среќа нема повредени.
„Дваесет и деветгодишниот И.Ш од скопска Копаница во 21 часот и 25 минути пријавил дека на Попова Шапка, каде што престојувал со неговиот брат Х.Ш. и двајца нивни пријатели, по куса вербална расправија, Ф.З.(27) од истото село извадил огнено оружје и пукал кон Х.Ш., но, не го погодил, по што со возило се оддалечил од местото.Според пријавеното, двајцата браќа подолго време имале нарушни односи со Ф.З“,
информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
