Во пријавата од саботата, се наведува дека 47-годишниот С.С. од светиниколското село со метален предмет тргнал кон Велковски
Градоначалникот на Лозово Ацо Велковски во полиција пријавил загрозување на сигурноста, соопшти МВР.
Пријавата е од 2 октомври околу 17.20 часот кога Велковски во ОВР Свети Николе пријавил кривично дело „загрозување на сигурноста“ во с.Каратманово, светниколско. Според пријавата 47-годишен жител од ова село го нападнал со метален предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.