Сообраќајката се случила кога автомобил „ситроен“ со кичевски регистарски ознаки, со кој управувала 41-годишната К.С.С. од Кичево, излетал од патот и се превртил
Четириесет и едногодишна жена загина, а три други лица, меѓу кои и дете на шест години, се повредени во тешка сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на локален пат за селото Русјаци во Македонски Брод.

Сообраќајката се случила кога автомобил „ситроен“ со кичевски регистарски ознаки, со кој управувала 41-годишната К.С.С. од Кичево, излетал од патот и се превртил. Жената починала на самото место.
„Со телесни повреди се здобиле сопатниците С.С. (69), М.С. (62) и шестгодишно дете, сите од Кичево, констатирани во Општата болница Прилеп“,
информираат од Министерството за внатрешни работи.
На местото е извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата жена е дадено на обдукција.
