Како што пишува „Вијести“, измамничката на 11 април најавила дека ќе ги повлече своите заштеди од филијалата на „Ловќен банка“ во Херцег Нови
Полицијата во Црна Гора трага по жена која на 12 април, користејќи фалсификувани документи на клиент на „Ловќен банка“, подигнала 1,3 милиони евра од нејзината сметка.
„Вијести“ пишува дека банкарската институција ја известила полицијата еден ден подоцна, кога М.О. од Будва рекла дека не дошла во банка и не барала да ѝ се исплатат парите што ги чувала таму.
Неофицијално се дознава дека тогаш било констатирано дека банката му дала пари на лицето кое ја фалсификувало личната карта на М.О. од Будва.
Како што пишува „Вијести“, измамничката на 11 април најавила дека ќе ги повлече своите заштеди од филијалата на „Ловќен банка“ во Херцег Нови. Со оглед на тоа дека се работи за голема сума, од банката ѝ кажале на измамничката кога да дојде.
Еден ден подоцна, таа влегла во банката со ранец, ги зела парите и си заминала. Измамата била откриена кога досиејата биле испратени во седиштето на банката во Подгорица. Ја контактирале клиентката, која им кажала дека не дошла во Црна Гора повеќе од една година.