Пријавата била добиена на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112
Центарот за управување со кризи вечерва соопшти дека е исчезната жена во реонот на кумановско Липково.

Пријавата била добиена на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
„По барање на полицијата, беше побарано ангажирање на дронови во потрагата. Од страна на Центарот за управување со кризи (ЦУК), веднаш беше информирано Министерството за внатрешни работи (МВР) со цел да се вклучат дронови во акцијата за пребарување. Последната добиена информација е дека потрагата по жената сè уште трае“,
велат од ЦУК.