Министерот за индустрија, трговија и транспорт Карел Хавличек изјави дека возачот на брзиот воз од Минхен-Прага поминал на црвено и на тој начин предизвикал судир со патнички воз
Две лица загинаа во судир на два воза во близина на селото Милавче меѓу станиците Домажлице и Ближејов денеска нешто по осум часот. Според првите информации од местото на настанот, две лица загинаа, а околу 50 се повредени. Седум лица се во критична состојба, додека 31 лице се надвор од животна опасност.


Се работи за брзиот воз од Минхен до Прага кој се судрил со локален патнички воз.
„Во моментов, 31 лице од повредените надвор од животна опасност, седум лица се во критична состојба, две лица загинаа“,
изјави за чешкиот јавен рдиосервис Марија Свободова, портпарол на локалната служба за брза помош.
На местото на несреќата има 12 спасувачки екипи со три хеликоптери за да ги пренесат повредените во болниците, како и полицијата со хеликоптер.

Министерот за индустрија, трговија и транспорт Карел Хавличек изјави дека возачот на брзиот воз од Минхен поминал на црвено и на тој начин предизвикал судир со патнички воз.
Полицијата спроведе истрага, а на местото на несреќата излезе и министерот Хавличек.
2 dead, 7 critically and 31 injured
— JedemeVlakem (@JedemeVlakem) August 4, 2021
Two trains collided near Pilsen : Ex 351 from Munich to Prague and regional train from Pilsen to Domazlice.
Source: https://t.co/kISz6aDAlq
CC @EuropeByRail @seatsixtyone @_DiningCar @TrainTracksEU pic.twitter.com/13lFsqRAqB