Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје Самуел Жбогар смета дека во земјава видливо се воспоставува судска пракса за борба против корупција на високо ниво и во таа смисла изрази поддршка на Јавното обвинителство со цел да биде поангажирано и да работи на вакви случаи.
„Во државата нема причини за политичка криза, институциите функционираат, Јавното обвинителство е функционално, а функционира и Специјалното јавно обвинителство. Точно е дека специјалната јавна обвинителка Јанева поднесе оставка и тоа го имаме предвид и свесни сме за тоа, но СЈО ќе продолжи да функционира до 15 септември. Дотогаш има доволно време политичките лидери да размислат на кој начин ќе продолжи работата на СЈО. а една од можностите е тоа да биде интегрирано во рамки на општото јавно Обвинителство и има време тоа се реши, порача амбасадорот Жбогар од општина Новаци каде денеска престојува во работна посета и на увид на проектите кои ги реализира тамошната локална самоуправа“,
рече Жбогар на денешната посета во општина Новаци.
Амбасадорот Жбогар смета дека факт е оти СЈО беше многу корисно и важно во својата работа и случаите што ги покрена и уверен е дека таму е концентрирана голема експертиза и знаење кое и понатаму треба да се искористи.