Можности за лекување имаат по четири лица за Словенија и Унгарија и Австрија шест лица
Згрижени се вкупно 145 настрадани во болниците во Скопје, Штип и Кочани, но и во соседните и други земји, соопштија вечерва од Владата, како сублимант од случувањата со повредените од денешната трагедија во пожарот во дискотеката во Кочани, каде загинаа 59 лица.

„Во земјата остануваат оние што се сместени во Клиничкиот центар, каде има 20 повредени, во ГОБ ‘8 Септември‘ – 20 пациенти, ‘Свети Наум Охридски’ – 21 пациент, во Клиничката болница во Штип има 20, а во Општатата болница во Кочани се хоспитализирани седум лица. На Клиниката за токсикологија се примени две лица. Тоа се вкупно 90 лица“,
се вели во соопштението од Владата.
Во болниците во странство се пренесени 44 повредени.
„Во Србија се префрлени 17, во Бугарија 14, Турција девет и Грција четири. Ноќеска и рано наутро за Хрватска и Романија патуваат по четворица повредени“,
велат од владината служба.
Можности за лекување имаат по четири лица за Словенија и Унгарија и Австрија шест лица.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, според последните информации, загинаа 59 лица. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека се осомничени повеќе од 20 лица.