На останатите гранични премини, како што информираат од АМСМ, од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата
На граничниот премин „Табановце“ денеска до 12 часот се бележи зголема фрекфенција на возила поради што времето на чекање за влез во државата е околу половина час, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

На останатите гранични премини, како што додаваат оттаму, од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини во држвата, велат од АМСМ е зголемен, но се одвива непречено по суви коловози.
Од Автомото сојузот на Македонија препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.