Во изминатите 24-часа во Грција е регистриран зголемен број починати од ковид-19 и хоспитализирани лица со коронавирус. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, потврдени се 3 493 нови случаи на ковид-19, починаа 24 лица, 235 се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници, а хоспитализирани 255 лица, или 27,5% повеќе од вчера.
Од новите случаи, 12 се увезени, а најголемиот број, односно 927 се во Атика, поширокиот регион на Атина, 441 на Крит и 316 во Солун.
Во Грција, има вкупно 531 967 случаи на ковид-19, а од почетокот на пандемијата починаа 13 182 лица.