Според последните податоци на опсерваторијата при ПМФ, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од пет степени според Европската макросеизмичка скала. Во Скопје и околината со интензитет од четири до пет степени, а во останатите делови од Републиката со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала
Како што информираат косовските медиуми, земјотресот го почувствувале и жителите на околните држави, како Албанија, Македонија и Србија
Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје соопштија дека вечерва во 22 часот и 5 минути е регистриран земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Косово, на околу 45 километри северозападно од Скопје.

Земјотресот е со јачина од 4,6 степени според Рихтер.
Според последните податоци на опсерваторијата при ПМФ, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од пет степени според Европската макросеизмичка скала. Во Скопје и околината со интензитет од четири до пет степени, а во останатите делови од Републиката со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала.
Како што информираат косовските медиуми, земјотресот го почувствувале и жителите на околните држави.
Според дописничката од Призрен за Радиотелевозија Косово, после земјотресот, голем дел од граѓаните се излезени надвор од своите живеалишта, плaшејќи се дека може да има нов земјотрес со поголема јачина.
Ова видео e од Приштина на кое се гледа како жителите се излезени надвор пред нивните домови.
Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала вечерва во 10:05 часот го погоди Косово, во близина на границата со Македонија.
Епицентарот на земјотресот е на 19 километри источно од градот Призрен на Косово и на 15 километри северозападно од Општина Теарце.
Потресот го почувствуваа жителите на Гостивар, Тетово и Скопје.
Според нивните коментари на социјалните мрежи, земјотресот бил силен, но кратко траел.
Засега нема информација за предизвикана материјална штета.
