Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија објави дека епицентарот на земјотресот со средна јачина од 4,3 степени бил седум километри североисточно од Крушевица, на длабочина од 10 километри
Црна Гора ноќеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала.
Од силината на земјотресот се вклучиле алармите на автомобилите во градот, и засега нема информации за штета и повредени.
Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија објави дека епицентарот на земјотресот со средна јачина бил седум километри североисточно од Крушевица, на длабочина од 10 километри.
„Врз основа на нумеричкиот модел на промена на интензитетот со растојанието во овој регион, силината на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес можеше да предизвика само мала материјална штета во епицентралното подрачје“,
соопшти Институтот.
Map of felt reports received so far following the #earthquake M4.5 in Montenegro 40 min ago pic.twitter.com/7tViK2rhMw
— EMSC (@LastQuake) June 25, 2021