Синоќа, 43 минути по полноќ, во Скопје бил почувствуван земјотрес, информираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје.
Епицентарот бил на 760 километри јужно од главниот град, во Средоземното Море со локална Рихтерова магнитуда од 5,8.

Земјотресот е почувствуван во нашата држава со интензитет од II-III степени според европската макросеизмичка скала.
Телеметриската сеизмолошка мрежа во земјава има станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, и е одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.
