Епицентарот на земјотресот бил на косовска територија, на 39 километри североисточно од Скопје, а бил почувствуван во главниот град на земјава и во блиската околина
Земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала вчеравечер го погоди соседно Косово. Потресот, кој се случил во 22:43 часот, е почувствуван и во Скопје и во блиската околина. Бил на длабочина од пет километри.

Епицентарот на земјотресот бил на косовска територија, на 39 километри североисточно од Скопје.
„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Скопје и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“,
соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.