Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва во 19 часот и 50 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Грција, на околу 100 км југоисточно од Скопје.
Од Сеизмолошката опсерваторија информираат дека земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда од 3,7 степени.
„Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“,
соопштија од Сеизмолошката опсерваторија.
