Според првичните извештаи, бранови со висина од три метри би можеле да го погодат североисточниот брег на земјата, а предупредувања за цунами се издадени за префектуриите Хокаидо, Аомори и Ивате, пренесува „Гардијан“
Силен земјотрес со магнитуда од 7,6 степени според Рихтеровата скала го потресе брегот на Јапонија што ги принуди надлежните власти да издадат предупредување за цунами и наредба за евакуација на жители од блиското подрачје, јавуваат светските медиуми.

Потресот се случил во 23:15 часот според локално, односно 15:15 часот според средноевропско време. Епицентарот на земјотресот бил на 80 километри од префектурата Аомори, на длабочина од околу 50 километри, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА).
Според првичните извештаи, бранови со висина од три метри би можеле да го погодат североисточниот брег на земјата, а предупредувања за цунами се издадени за префектуриите Хокаидо, Аомори и Ивате, пренесува „Гардијан“. Засега, според ЈМА, забележани се бранови во висина од 20 до 50 сантиметри на неколку пристаништа.
На јапонската скала за сеизмички интензитет, која е од еден до седум, денешниот потрес бил регистиран како „висок шест“ во префектурата Аомори.
予測通り、95%の危険度警告地域でマグニチュード7.1の地震が発生。 pic.twitter.com/8T0uGYqSOU
— Japan Earthquakes (@earthquakejapan) December 8, 2025
Засега не се пријавени неправилности во работата на нуклеарните централни во реагинонот, управувани од „Тохоку електрик пауер“ и „Хокаидо електрик пауер“, соопштија од претпријатијата.
Сепак, како што наведел од „Тохоку електрик пауер“, илјадници протрошувачи останале без електрична енергија.
Јапонија е една земјите во светот што се најмногу изложени на земјотреси, кои се случуваат во просек на секои пет минути.
Сместена во опсегот на т.м. „Огнен прстен“, подрачје со голем број вулкани и океански раседи во дел од Тихоокеанскиот басен, во Јапонија се случуваат околу 20 отсто од земјотресите со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала или повеќе.
A magnitude 7.6 earthquake struck near Aomori Prefecture in Japan.#JapanEarthquake #TsunamiAlert pic.twitter.com/Piu6ONSDoX
— 𝗠𝗮𝗿𝗶𝘆𝗮𝗺_𝗠𝗕𝗗 (@Mariyam_MBD) December 8, 2025
