Според Геолошкиот завод на САД, силниот земјотрес бил со епицентар кај преминот Дрејк, јужно градот Ушуаја на крајниот југ на Аргентина. Засега нема информации за настрадани лица и предизвикани материјални штети
Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Аргентина, покажуваат податоците на веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

По земјотресот јужноамериканската држава Чиле издаде предупредување за цунами и ги повикани своите граѓани да се евакуираат од крајбрежната област на југот на земјата.
Предупредувањето е издадено за оддалечениот регион Магаланес на јужниот врв на Чиле.
Според Геолошкиот завод на САД, силниот земјотрес бил со епицентар кај преминот Дрејк, јужно од градот Ушуаја на крајниот југ на Аргентина.
Засега нема информации за настрадани лица и предизвикани материјални штети.
Според информациите по првичниот силен потрес, во регионот биле регистрирани уште неколку афтершокови, пренесе Би-би-си.
Чилеанскиот претседател Габриел Борик во објава на социјалните мрежи ги повика граѓаните на земјата да се евакуираат од критичната крајбрежна област.
„Повикуваме на евакуација на крајбрежјето низ целиот регион Магаланес“,
напиша тој.
Llamamos a evacuar borde costero en toda región de Magallanes. En estos momentos nuestro deber es prevenir y hacer caso a autoridades. COGRID regional y nacional están comenzando. Todos los recursos del Estado están a disposición. https://t.co/2qAA3TGEcN
— Gabriel Boric Font (@GabrielBoric) May 2, 2025
Агенцијата за катастрофи на Чиле им советуваше на жителите да се однесуваат мирно и да ги следат упатствата на властите и тимовите за одговор.
Локалните медиуми известуваат дека ова е мерка на претпазливост, при што од жителите се бара да се евакуираат во безбедни области кои се на 30 метри надморска височина.