Националниот систем за спречување и одговор при катастрофи на Чиле соопшти дека нема извештаи за предизвикана штета или за жртви

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран ноќеска во регионот Мауле во Чиле, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Епицентарот на земјотресот бил на 64 километри североисточно од градот Курико.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 104 километри.
#Earthquake (#sismo) possibly felt 46 sec ago in #Chile. Felt it? Tell us via:
— EMSC (@LastQuake) December 13, 2024
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/h0TmXoIt2N
Земјотресот бил почувствуван во централните и северните региони на Чиле, вклучувајќи го и главниот град Сантијаго.
Националниот систем за спречување и одговор при катастрофи на Чиле соопшти дека нема извештаи за предизвикана штета или за жртви.
Чилеанската океанографска служба соопшти дека земјотресот „не ги исполнува условите неопходни за создавање цунами“.
