Епицентарот е регистриран на 60 километри југоисточно од градот Баликесир
Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Западна Турција.

Според податоците објавени од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на потресот е регистриран на 60 километри југоисточно од градот Баликесир, на длабочина од околу шест километри.
Засега нема извештаи за евентуални жртви, повредени или причинета материјална штета.
