Како мерка на претпазливост, грчката управа за справување со катастрофи издаде предупредување за цунами испраќајќи СМС-пораки до луѓето во погодениот регион. Сепак, цунами не е регистрирано
Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово на островот Крит во Грција, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Епицентарот на земјотресот е лоциран на 80 километри североисточно од Ираклион и на 61 километар од градот Агиос Николаос на длабочина од 75 километри.
Земјотресот се случил во 6:19 часот по локално време.

Локалните жителите за грчките медиуми изјавиле дека земјотресот траел невообичаено долго.
Според пишувањата на грчките медиуми, земјотресот силно се почувствувал и на Пелопонез, Кикладите, дури и до Кипар.
Како мерка на претпазливост, грчката управа за справување со катастрофи издаде предупредување за цунами испраќајќи СМС-пораки до луѓето во погодениот регион. Сепак, цунами не е регистрирано.
По овој земјотрес, според ЕМСЦ, имало уште неколку последователни потреси кои биле со различна јачина, а најсилниот бил 3,5 степени и е регистриран во 6:24 часот по локално време.