Засега нема информации за жртви и за предизвикана штета

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во текот на ноќта во Авганистан, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Земјотресот се случил во 3:44 часот по локално време.
Епицентарот на земјотресот бил на 167 километри источно од градот Баглан и 75 километри северозападно од Парун во регионот Хинду Куш.
Земјотресот бил на длабочина од 121 километар.
Во градот Баглан живеат околу 108 илјади жители. Засега нема информации за жртви и за предизвикана штета.