Грчките медиуми објавија дека земјотресот бил почувствуван и во јужна Албанија. Епицентарот на земјотресот бил на копно во близина на регионалниот центар Јанина на длабочина од околу 10 километри. Следеле многубројни помали потреси
Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утрово погоди делови од северозападна Грција и регионот околу популарниот туристички остров Крф.

Според Геодинамичкиот институт на Универзитетот во Атина, умерениот потрес се случил околу 5:32 часот наутро по локално време.
Грчките медиуми објавија дека земјотресот бил почувствуван и во јужна Албанија. Епицентарот на земјотресот бил на копно во близина на регионалниот центар Јанина на длабочина од околу 10 километри. Следувале многубројни помали потреси.
Многу жители се разбудиле и истрчале од своите домови. Локалните медиуми објавија дека имало привремени прекини на електричната енергија во некои региони. Имало и помали лизгања на земјиштето.
Досега нема извештаи за повредени или значителни штети на зградите, изјави експертот за земјотреси Ефтимиос Лекас за грчката телевизија ЕРТ њуз.
