Серија земјотреси попладнево се почувствувани и во реонот на Сарти, а најсилниот бил со јачина од 4,1 степен

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Грција денеска во 15:46 часот по локално време, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Епицентарот на земјотресот е лоциран на 19 километри југоисточно од Неа Рода и на 108 километар источно до Солун.
Земјотресот бил на длабочина од 8,2 километри.
Земјотресот од 5,1 степени бил регистриран и од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија од каде што информираат дека бил почувствуван во југоисточниот дел на земјата со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.
Освен овој земјотрес попладнево ЕМСЦ има регистрирано потреси и во околина на Сарти. Најсилниот бил со јачина од 4,1 степени и бил почувствуван во 15:52 часот по локално време. Епицентарот на овој земјотрес бил на 21 километар североисточно од Сарти и бил на длабочина од 5 километри.
Во овој реон биле регистрирани и земјотреси со јачина од 3,9, 4 и 4,1 степени, кои се почувствувани во растојание од неколку минути.