Според податоците на Европско-медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот што се случил уторово бил со епицентар во Албанија, во близина на Поградец, со јачина од 4,3 степени
Земјотрес со магнитуда од 3,9 степени според Рихтер утрово во 05:40 часот е регистриран во Охридско-струшкиот Регион, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје.

Земјотресот е почувствува во југозападните делови на земјата, особено во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската максосеизмичка скала.
Сепак, според податоците на Европско-медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот што се случил уторово бил со епицентар во Албанија, во близина на Поградец, со јачина од 4,3 степени.
Епицентарот бил на околу 13 километри југоисточно од Поградец, на длабочина од 10 километри.

Земјотресот се случил во поширокот подрчје на Охридското Езеро, поради што е почувствуван од жителите од овој дел на државата.
Според објавите на социјалните мрежи, жителите на Охрид, Струга и околината забележале силно лулање кое ги разбудило од сон.
