На социјалните мрежи жители на Скопје и околината објавија дека земјотресот ги разбудил откако почувствувале кратко, но силно тресење
Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала утрово во 7:20 часот е почувствуван во Скопје, информира Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Според ЕМСЦ, земјотресот е на длабочина од 5 километри, а епицентарот е на 12 километри од градот Гнилане во Косово, во близина на границата меѓу Косово, Србија и С Македонија.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека утрово во Скопје е почувствуван земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.
„Епицентарот на земјотресот потекнува од пограничното епицентрално подрачје Урошевац, на 42 километри северно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда од 3,3 степени“,
велат од Опсерваторијата.
На социјалните мрежи жители на Скопје и околината објавија дека земјотресот ги разбудил откако почувствувале кратко, но силно тресење.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR
