Земјотресот, според мерењата на Институтот за геолошки науки при Политехничкиот универзитет во Тирана, е почувствуван во радиус од 60 километри од епицентарот, во Тетово и Гостивар во С Македонија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во Албанија во 23:39 часот по локално време, објави Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).
Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки институт, епицентарот на земјотресот бил на 76 километри југозападно од Приштина и 26 километри западно од Призрен во Косово.
Земјотресот бил на длабочина од 15 километри.
Нема информации за повредени лица или за причинета материјална штета.
Земјотресот, според мерењата на Институтот за геолошки науки при Политехничкиот универзитет во Тирана, е почувствуван во радиус од 60 километри од епицентарот во Тетово и Гостивар во С Македонија.