Епицентарот на потресот бил во регионот на Дубровник, на 73 километри западно од Подгорица, Црна Гора и на 20 километри од Требиње, БиХ
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во Јужна Хрватска, во регионот на Дубровник. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), потресот се случил педесетина минути по полноќ, а епицентарот бил на длабочина од седум километри.

Епицентарот бил на 73 километри западно од Подгорица, Црна Гора и на 20 километри од Требиње, БиХ.
По овој, регистрирани се уште два земјотреса со јачина од 1,5 и 1,6 степени во подрачјето на Ријека.
Засега нема пријава за штети од потресите.