Земјотресот е почувствуван во југозападниот дел од земјата, и тоа во Дебар и околината, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во Албанија во 23:37 часот по локално време, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија, епицентарот на земјотресот бил на 128 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија.
Земјотресот бил на длабочина од 8 километри.
Во соопштението од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет се наведува дека земјотресот е почувствуван во југозападниот дел од земјата, и тоа во Дебар и околината, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.
Земјотресот во Албанија е регистриран и од Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).
Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки институт, епицентарот на земјотресот бил на 22 километри североисточно од Елбасан и на седум километри западно од градот Либражд.
#Earthquake (#tërmet) possibly felt 29 sec ago in #Albania. Felt it? Tell us via:
— EMSC (@LastQuake) February 27, 2024
?https://t.co/IbUfG7TFOL
?https://t.co/AXvOM7I4Th
?https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/Htimz2R0Y5
Нема информации за повредени лица или за причинета материјална штета.
