Епицентарот на земјотресот бил на 17 километри северно од Ресен и на длабочина од 12 километри
Земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во земјава во 05:56 часот по локално време, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
🔔#Earthquake (#земјотрес) M2.9 occurred 28 km NE of #Ohrid (Republic of North Macedonia) 9 min ago (local time 05:56:51). More info at:
— EMSC (@LastQuake) November 9, 2024
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/YDsIsSUVgA
🖥https://t.co/kjn84Ri9ho pic.twitter.com/pW7XZJboBm
Според информациите, епицентарот на земјотресот бил на 17 километри северно од градот Ресен.
Земјотресот бил на длабочина од 12 километри.
Ова е трет послаб земјотрес што е регистриран во земјава во изминатава недела. Претходните два беа со јачина од 2 и 2,3 степени според Рихтеровата скала и беа со епицентар во скопското подрачје.
