Според информациите, епицентарот на земјотресот бил на 11 километри северозападно од Берово, на длабочина од 10 километри
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала утрово во 9:53 часот бил регистриран во близина на Берово, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според информациите, епицентарот на земјотресот бил на 11 километри северозападно од Берово, на длабочина од 10 километри.
Како што соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, телеметриската сеизмолошка мрежа земјава го регистрирала земјотресот со епицентар на 113 километри југоисточно од Скопје во Делчевско-беровското епицентрално подрачје.
Опсерваторијата, според досегашните податоци со кои располага, пренесува дека земјотресот бил почувствуван од населението во Берово и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.
