Според ЕМСЦ, епицентарот е лоциран на 15 километри од југозападно од Кичево
Рано утрово во 1:23 часот е регистриран слаб земјотрес во западниот дел на државата, поточно во околината на Кичево, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Земјотресот е со јачина од 2 степени според Рихтер и на длабочина од 15 километри.
Според ЕМСЦ, епицентарот е лоциран на 15 километри од југозападно од Кичево.

Засега не се пријавени материјални штети или други последици од земјотресот.

Земјотресот го регистрирал и Институтот за геолошки науки во Тирана, според чии информации, епицентарот е во Општина Дебрца.
