Земјотресот е регистриран во 13 и 35 минути со епицентар што потекнува од валандовскиот реон
Земјотрес со јачина од 2,9 степени е регистриран денеска во Валандово, Струмица и околината, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

„Земјотресот е регистриран во 13 и 35 минути со епицентар што потекнува од валандовскиот реон, на 123 километри југоисточно од Скопје“,
велат од опсерваторијата.
Земјотресот е со магнитуда од 2,9 степени според Рихтер.