Нема информации за повредени лица или за причинета материјална штета
Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во областа околу Сански Мост во 06:32 часот, објави Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).
Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки институт, епицентарот на земјотресот бил на 15 километри од Сански Мост и 50 километри од Бања Лука, во Босна и Херцеговина.
#Earthquake 15 km SW of Sanski Most (Bosnia & Herzegovina) 13 min ago (local time 06:32:57). Colored dots represent local shaking & damage level reported by eyeswitnesses. Share your experience via:
— EMSC (@LastQuake) December 27, 2023
?https://t.co/IbUfG7TFOL
?https://t.co/42U67wgtjx pic.twitter.com/0bTAWy1awr
Земјотресот бил почувствуван и во Хрватска, во околината на Сплит.
Нема информации за повредени лица или за причинета материјална штета.
Медиумите од Босна и Херцеговина и од Хрватска пренесуваат дека земјотресот иако бил со послаб интензитет и краток сепак се почувствувал силно.