Земјотресот се случил во 18:45 часот, а епицентарот бил на 25 километри северозападно од Скопје
Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во близина на Скопје, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот се случил во 18:45 часот, а епицентарот бил на 25 километри северозападно од Скопје.
Оттаму велат дека земјотресот бил почувствуван во градот Скопје и северозападните делови на земјата со интензитет од III степен според Европската макросеизмичка скала.
Земјотресот е регистриран и од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Според нивните податоци, епицентарот бил на 21 километар северозападно од Скопје и на 9 километри југоисточно од Качаник во Косово.
Според ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала и бил на длабочина од осум километри.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 44 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
— EMSC (@LastQuake) January 6, 2025
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/yHi4EiDhCZ
Ова е втор земјотрес што е регистриран во околината на Скопје во последните 24 часа. Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вчера информираа дека земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала бил регистриран ноќеска во 23:12 часот во близина на Скопје.