Земјотресот бил почувствуван во Струмица, Валандово и околината
Земјотрес со интензитет од три степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во земјава во струмичкото подрачје.
Телеметриската сеизмолошка мрежа, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје синоќа го регистрирала земјотресот во 23:33 часот. Епицентарот бил 120 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Струмица.
Земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда ML3.0, а бил почувствуван од населението на Струмица, Валандово и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.