Покрај во Валандово, земјотресот го почувствувало и населението во Богданци, Струмица и околината
Земјотрес од 3.1 степен по Рихтеровата скала попладнево во 14:19 часот го погоди валандовскиот регион.
Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран на 132 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Валандово.
Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот имал интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а бил почувствуван од населението во Богданци, Струмица, Валандово и околината.