Интензитетот на почувствуваниот земјотрес, според податоците, изнесувал III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија
Земјотрес, чиј епицентар потекнува од Грција, синоќа е почувствуван во западните делови од државава, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Како што информираат оттаму, земјотресот бил со јачина од четири степени според Рихтеровата скала.
Регистриран е во 22:17 часот, а епицентарот е на околу 200 километри југозападно од Скопје.
Интензитетот на почувствуваниот земјотрес, според податоците, изнесувал III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија.
