Епицентарот на земјотресот бил во селото Текија во регионот на Кладово, а бил почувствуван на длабочина од 11 километри
Силен земјотрес утрово ги разбудил жителите на Кладово во источна Србија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, а се почувствувал и во Зајечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови во источна Србија. Некои граѓани го почувствувале и во Ниш.

И Сеизмолошкиот завод на Србија на својата веб-страница објавил дека во 7:42 часот е регистриран земјотрес во областа Кладово.
Според сведоштвата на жителите на Кладово, во моментот на земјотресот се треселе прозорците, вратите и креветите.
„Почувствував земјотрес, се тресе мебелот во куќата, Бев во кревет кога го почувствував тресењето, Немаше шанси да станам од креветот, секое станување ме туркаше назад“,
напишале граѓаните на Кладово на социјалните мрежи.
Епицентарот на земјотресот бил кај Текија, а бил почувствуван на длабочина од 11 километри.
Како што информираат од Сеизмолошкиот завод на Србија, земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во подрачјето на епицентарот.
Засега нема информации за евентуални материјални оштетувања.