Епицентарот на земјотресот потекнува од соседна Република Албанија, на 18 километри југозападно од Подградец
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во соседна Албанија, е почувствуван денеска во 11:28 часот во Охрид, Струга и околината, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), процените се дека јачината на овој земјотрес е од 3,9 степени.
Епицентарот на земјотресот потекнува од соседна Република Албанија, на 18 километри југозападно од Подградец, односно на 155 километри југозападно од Скопје.
Засега нема информации за причинета материјална штета.
