Земјотрес со интензитет од 3,3 степени по Рихтеровата скала е регистриран попладнево во 12:57 часот во Гостиварскиот Регион.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет информира дека епицентарот на земјотресот е на 60 километри југозападно од Скопје, односно во епицентралното подрачје Гостивар-Тетово.
Земјотресот е почувствуван во околината на Гостивар, Кичево и Маврово и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот го регистрира и Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, кој преку апликацијата „Ласт квејк“ објави дека потресот бил со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 2 километри.