Утрово во 6:15 часот во земјава е регистриран земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот е 65 километри од Скопје, во Тетовско-гостиварскиот регион, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот е почувствуван во Маврово, Гостивар, Тетово, Дебар, Охрид и Кичево со интензитет од три степени по Европската макросеизмичка скала.
