Епицентарот бил во близина на градот Крагујевац во централниот дел на Србија
Земјторес со силина од 3,8 степени по Рихтер го погоди централниот дел на Србија денеска околу 19 часот и 30 минути. Според информациите, епицентарот е во близина на Крагујевац, а бил почувствуван и во околните градови Јагодина, Парачин и Краљево.
Од српската управа за хидрометеоролошки работи кажаа дека земјотреси со ваков интензитет може да предизвикаат многу мали оштетувања на објекти во епицентралното подрачје, а засега, иако има реакции од граѓани за силината на земјотресот, сепак, нема податоци за оштетени објекти.
Еден час пред земјотресот во Србија, земјотрес со сличен интензитет ја погоди Босна и Херцеговина, кој беше почувствуван и во Хрватска.