За време на војната, Иран изврши напади насочени кон американски капацитети во земјите низ Блискиот Исток, вклучувајќи и некои од оние што ја издадоа оваа заедничка изјава
Група земји од Блискиот Исток објавија заедничка изјава за воената акција на Иран за време на војната со САД и Израел, јави Би-би-си.

Кувајт, ОАЕ, Бахреин, Саудиска Арабија, Катар и Јордан изразија „најсилна осуда на очигледните ирански агресии“ – кои ги нарекуваат очигледно кршење на суверенитетот.
За време на војната, Иран изврши напади насочени кон американски капацитети во земјите низ Блискиот Исток, вклучувајќи и некои од оние што ја издадоа оваа заедничка изјава.
Во изјавата, исто така, се осудуваат „агресиите што ги почнаа вооружените фракции од Република Ирак, поврзани со Иран, против голем број регионални држави“.
Земјите ја повикаа ирачката влада да преземе потребни мерки за запирање на нападите започнати од нејзина територија.
