Со тоа трошоците би ги надминале сегашните два отсто од БДП вложувања во армиите на земјите членки, што беше поставено како актуелна цел на НАТО
Сојузниците на НАТО ќе треба да одвојат близу три отсто од својот бруто-домашен производ (БДП) за своите армии за да ги спроведат новите одбранбени планови на Алијансата, изјави претседавачот на Воениот комитет на НАТО, Роб Бауер.

Со тоа трошоците би ги надминале сегашните два отсто од БДП вложувања во армиите на земјите членки, што беше поставено како актуелна цел на НАТО.
„Вкупниот процент што е неопходен за да се извршат новите планови е многу поблиску до три отколку до два отсто од БДП. Очекувам дека со новата администрација во САД ќе има многу поинтензивна дискусија за тоа колку повеќе Европа и Канада треба да потрошат, а тоа е здрава и валидна дискусија што треба да се води“,
изјави Бауер.
