Украинскиот претседател се обрати во живо пред илјадници антивоени демонстранти во Берн, нагласувајќи дека нивните банки ги држат средствата на луѓето кои ја започнале војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја повика швајцарската Влада да ги замрзне банкарските сметки на сите руски олигарси.
Зеленски се обрати во живо пред илјадници антивоени демонстранти во Берн, нагласувајќи дека нивните банки ги држат средствата на луѓето кои ја започнале војната. Зеленски и се заблагодари на Швајцарија за поддршката откако Русија ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари, но и отворено зборуваше за швајцарскиот финансиски сектор.
„Вашите банки се место каде што се парите на луѓето кои ја започнаа оваа војна. Тоа боли. Замрзнувањето на нивните сметки е исто така борба против злото. Можете да го направите тоа. Украинците чувствуваат како е да се уништуваат градови. Тие се уништени по наредба на луѓето кои живеат во европските, во прекрасни швајцарски градови, кои уживаат во имотот во вашите градови. Би било навистина добро да им се одземена таа привилегија “,
рече тој.
Швајцарските банки држат до 213 милијарди долари руски средства, според проценките на швајцарската финансиска индустрија.