Северна Кореја денеска соопшти дека секое распоредување на нејзините сили за помош на Русија во војната во Украина ќе биде во согласност со меѓународното право, иако не потврди дека имало такво распоредување
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи се на разузнавачки информации, изјави дека Русија планира да распореди севернокорејски трупи во борбените зони од 27 до 28 октомври.
„Според разузнавачките податоци, се очекува Русија да ги распореди првите севернокорејски војници во борбените зони на 27-28 октомври. Ова претставува руска ескалација“,
напиша Зеленски на Икс откако ја доби информацијата од врховниот командант.
I received a report from Commander-in-Chief Syrskyi on the current situation at the frontline, with particular focus on the Pokrovsk, Kurakhove, and Lyman directions. In the Donetsk region, the situation remains difficult, but our combat brigades are holding their positions and…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 25, 2024
Зеленски не појасни во кои борбени зони треба да бидат испратени севернокорејските војници, ниту, пак, даде други детали.
Украинската воена разузнавачка служба вчера соопшти дека првите севернокорејски војници веќе биле забележани во руската погранична област Курск, каде што украинската армија оперира од инвазијата во август.
Околу 12 000 севернокорејски војници, од кои 500 офицери и тројца генерали, веќе се во Русија и нивната обука се изведува во пет воени бази, соопшти разузнавачката служба.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека на Москва е да го спроведе договорот за партнерство со Пјонгјанг, за кој нагласи дека вклучува клаузула за заемна помош за секоја страна за да ѝ помогне на другата да одбие надворешна агресија.
Путин не негираше дека севернокорејските војници се во Русија.
„Ова е наша работа“,
нагласи тој.
Западните сојузници велат дека нивното учество во конфликтот во Украина би било голема ескалација.
Зеленски смета дека Западот не треба да реагира на вклучувањето на Северна Кореја „со рамнодушност или нејасни коментари, туку со опиплив притисок и врз Москва и врз Пјонгјанг“.
Северна Кореја: Испраќањето наши војници да ѝ помогнат на Русија не би било спротивно на законот
Северна Кореја денеска соопшти дека секое распоредување на нејзините сили за помош на Русија во војната во Украина ќе биде во согласност со меѓународното право, иако не потврди дека имало такво распоредување.
Во изјавата пренесена од севернокорејската новинска агенција КЦНА, заменик-министерот за надворешни работи Ким Џонг Ѓу рече дека Министерството за надворешни работи не е директно вклучено во работите со кои се занимава Министерството за одбрана и дека нема директно да коментира за какво било распоредување на војници.
„Ако има нешто за што зборуваат светските медиуми, мислам дека тоа ќе биде чин во согласност со одредбите на меѓународното право“,
додаде тој.
Северна Кореја и Русија се зближија од почетокот на војната, вклучувајќи го и потпишувањето нов пакт за заемна одбрана. Украина и западните земји претходно ја обвинија Северна Кореја за снабдување на Русија со оружје, што Пјонгјанг и Москва го негираа.
